Русија е подготвена да испрати гас во Европа „без транзит низ Украина“

83

Рускиот потпретседател Александар Новак во интервју за телевизијата „Русија 24“ изјави дека Русија е подготвена да продолжи со испораката на гас во Европа преку неколку рути, не само преку Украина.

Во Европа ситуацијата со гасот е веќе тензична – резервите во нејзините складишта се за три до пет проценти помалку од просекот за последните пет години, рече тој.

– Ситуацијата таму е веќе доста напната, иако гасот се уште тече од Русија. Ако престане да тече, тогаш ситуацијата ќе биде уште покомплицирана – рече тој.

– Денеска тоа прашање… не е решено, иако за тоа се заинтересирани Европејците и европските земји, но тоа зависи, пред се, од договорот меѓу Европската унија и Киев за можноста за такви испораки. Подготвени сме да продолжиме со снабдувањето со гас, не само со постоечкиот крак, туку има и низа други насоки – рече Новак.