Русија би можела да отстапи замрзнати 300 милијарди долари за обнова на Украина

47

Русија може да се согласи да користи 300 милијарди долари од руските средства замрзнати во Европа за обнова на Украина по војната, но ќе инсистира дел од средствата да се искористат за петтина од украинската територија на која руските сили ја презедоа контролата, изјавија три извори за Ројтерс.

Изворите велат дека во Москва се појавила идејата Русија да предложи користење на голем дел од замрзнатите руски средства за обнова на Украина како дел од можниот мировен договор.

Руските и американските делегации ги одржаа своите први директни разговори за ставање крај на војната во Украина на 18 февруари во Саудиска Арабија, а американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин изјавија дека се надеваат дека ќе се сретнат наскоро.

ИЗДВОЕНИ