Ручек за вистински гурмани: Бифтек во црно вино – извонреден вкус и изглед на кој не може да му се одолее

48
Foto: Printscreen/Simplyrecipes.com

Ручек по мерка, поготово за вистинските гурмани. Ви предлагаме да подготвите јадење кое не е воопшто тешко за подготовка, а рецептот подолу ќе ви ја открие тајната на извонредниот вкус и еднакво импресивниот изглед кој ќе го освои секој член на семејството. Со еден збор, ова е совршен предлог за семејна гозба.

Состојки

250 гр стек
2 средни компири (помфрит или пржени прстени)
грст цветчиња брокула или спанаќ или сечкани тиквички
3 големи пржени прстени од кромид
порт сос (црвено вино со сладок вкус)

Начин на подготовка

Парче бифтек, средно печен, доволно е да го печете на скара по десет минути од двете страни и само еднаш да се преврти. Зеленчукот многу кратко, само да омекне, продинстајте го на малку путер или ставете го на грил.

На топла чинија најпрво наредете помфрит или прстени од пржени компири, а потоа динстаниот зеленчук.

Кога стекот е готов, исечете го на тенки парчиња и наредете го врз зеленчукот. Врвот украсете го со пржени прстени од кромид.

Околу зеленчукот сипајте тенок слој од сосот од црвено вино кој се прави на следниов начин: загрејте две лажици база на сос, додадете 1,5 дл црвено вино, сол и бибер по вкус и оставете го сосот да зоврие, т.е. да се испари алкохолот и да се добие конзистентност што може да се истури.

ИЗДВОЕНИ