Американскиот сенатор Марко Рубио, кандидат на навоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен секретар на САД, изјави дека Русија и Украина ќе мораат да направат отстапки ако сакаат да заврши војната во Украина.
„Ќе биде тоа тешка задача“, изјави Рубио на сослушувањето пред Одборот за надворешни работи во американскиот Сенат.
Нагласи дека се надева дека е можно да се постигне прекин на огнот, но дека обете страни мораат да добијат нешто за да дојде до тоа.