Рубио вели дека Палестинците ќе бидат иселени привремено и бара помош за обнова на Газа

23

 

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека појасот Газа во моментов е „ненаселен“ поради опасности како што се неексплодираните мини и дека неговите жители ќе мора да живеат на друго место додека не се обнови енклавата.

Рубио, во текот на својата посета на Доминиканската Република, ги повика другите земји да понудат помош за обнова на Газа, но не кажа ништо за тоа дали ќе можат да се вратат Палестинците таму, според предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја преземе контролата и да ја обнови енклавата.

– Мислам дека е реалност тоа: за да се поправи вакво место, луѓето ќе мора привремено да живеат на друго место – рече тој.

Во исто време, информативниот портал Аксиос, повикувајќи се на израелски официјални лица, објави дека Рубио планира турнеја во Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија и, евентуално, во други земји од Блискиот Исток, кон крајот на овој месец.

ИЗДВОЕНИ