Рубио: Трамп не се шегуваше за Гренланд, неговото припојување е во национален интерес на Америка

82
epa11826738 Republican Senator from Florida Marco Rubio, President-elect Donald Trump's nominee for Secretary of State, testifies during a Senate Foreign Relations Committee confirmation hearing, at the US Capitol in Washington, DC, USA, 15 January 2025. Senator Rubio is expected to be confirmed to Secretary of State on a bipartisan vote, and will likely be one of the first Cabinet nominees confirmed by Senate Republicans for the incoming Trump Administration. EPA-EFE/GRAEME SLOAN

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денеска дека интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, додавајќи дека припојувањето на Гренланд ќе биде во интерес на Америка и дека ова прашање треба да се реши.

Рубио рече дека Трамп сака да го купи Гренланд и не ја отфрли можноста за стекнување со воена сила, не сакајќи да го тргне притисокот од масата.

„Ова не е шега. Не станува збор за стекнување земјиште само заради стекнување земјиште. Ова е во наш национален интерес и треба да се реши“, нагласи Рубио, според Ројтерс.

Трамп изрази интерес Гренланд, автономна територија на Данска, да стане дел од Соединетите Држави по неговиот реизбор во ноември и не ја отфрли можноста за употреба на воена или економска моќ за да ја принуди Данска да ја предаде.

Премиерот на Гренланд Муте Егеде, кој ги засили напорите за независност, во неколку наврати изјави дека островот не е на продажба и дека неговите жители треба да одлучат за неговата иднина, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ