Шпанскиот суд го осуди поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес на парична казна од 10.800 евра за присилно бакнување на фудбалерката Џени Хермосо, чин што судот го опиша како сексуален напад.
Претходно, поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал, Луис Рубиалес, пред судот сведочеше за сексуалниот напад врз фудбалерката Џени Ермосо.
Рубиалес во таа прилика ги шокираше сите со своите тврдења и однесувањето на суд, па изјави дека дури и побарал дозвола пред бакнежот.
„Апсолутно сум сигурен дека ја добив нејзината дозвола“, ја започна својата одбрана Рубиалес, додавајќи:
„Уште тогаш ја прашав: „Може ли да те бакнам малку? Таа одговори: „Може“. Тоа е вистината за она што се случи“.
Оваа вест одекна во Шпанија, но и ширум светот во медиумите кои од самиот почеток го следеаа овој случај.
Многумина беа шокирани од однесувањето на Рубиалес и тврдеа дека видеото постои како совршен доказ дека Хермосо во тој момент се чувствувал непријатно.
За потсетување, контроверзниот бакнеж се случи откако шпанската фудбалска репрезентација го освои Светското првенство во 2023 година.
Дополнително, Рубиалес истакна дека истата ситуација можела да се случи доколку машките фудбалери постигнале таков успех.
Тој исто така истакна дека слични бакнежи има и со ќерките за време на новогодишната ноќ.
Обвинителството бараше две години затвор за Рубиалес, но тој не беше прогласен виновен за кривичното дело заплашување на шпанската репрезентативка.
Она што Рубиалес го призна е дека погрешил.
„Направив грешка, сега е очигледно. Требаше во тој момент да бидам поинституционализиран и да се однесувам пристојно“, изјави Рубиалес.