Русија планира да ги храни своите војници со храна од запленета американска компанија

275

Русија планира да ги храни своите војници со храна произведена од запленета американска компанија, потег што се заканува да ги попречи подобрените односи на Москва со Вашингтон, објави денеска британски Телеграф.

„Главпродукт“, голен производител на конзервирано месо и зеленчук, беше ставен под контрола на Кремљ во октомври како единствена американска компанија во рацете на рускиот претседател Владимир Путин.

Заплената е наредена за да се обезбеди стабилно производство и идни испораки на руската војска, се вели во писмото на новото руско раководство на компанијата до канцеларијата на главниот обвинител.

Како што претходно објави „Ројтерс“, во документот се наведува дека производите на „Главпродукт“ ќе бидат испратени до руското Министерство за одбрана, како и до Националната гарда.

Се верува дека компанијата не произведувала храна за руската војска додека била под контрола на САД.

Оваа одлука доаѓа откако американскиот државен секретар Марко Рубио минатиот месец посочи дека за запленувањето на „Главпродукт“ ќе се разговара за време на преговорите за нормализирање на односите меѓу САД и Русија.

Руските обвинители го обвинија американскиот сопственик на „Главпродукт“, Леонид Смирнов, кој побегнал од Советскиот Сојуз во 1970-тите, дека од 2022 до 2024 година преселил 1,38 милијарди рубљи (14,9 милиони евра) од Русија.

Смирнов ги опиша обвиненијата како „корпоративен напад во руски стил“ и негираше каква било злоупотреба.

Тој го повика американскиот претседател Доналд Трамп да помогне да се спаси неговата компанија.

Компанијата со седиште во Москва, која вработува 1.000 луѓе кои работат во три фабрики, почна да прави загуби за прв пат во својата историја откако беше запленета.

Смирнов процени дека компанијата изгубила околу 30 отсто од својата вредност откако Кремљ ја презел, пренесува Танјуг.

Во изминатите три години, десетина компании беа ставени под „привремена администрација“ од Русија, а меѓу нив преовладуваат европски компании.

ИЗДВОЕНИ