Поранешниот шавјцарски тенисер Роже Федерер, моментално е во Берлин, каде ќе ги следи случувањата на Лејвер Купот, егзибиционо натпреварување. Сопственикот на дваесет грен слем титули, кој официјално ја заврши кариерата во 2022 година, зборуваше за моменталната ситуација во машкиот тенис, а особено за својот некогаш голем ривал Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека Новак сè уште не го кажал последниот збор. Едвај го чекам Австралија опен следната година. Мислам дека тој сигурно ќе биде еден од фаворитите, заедно со Синер и Алкараз“, изјави Федерер.

Оваа година беше прва од 2003 година кога Ѓоковиќ, Федерер или Надал не беа меѓу освојувачите на грен слем титулата.