Розга и Хуљиќ и официјално се во врска, Грашо ги издаде: „Тончи навистина нема среќа“

752

Се чини дека сега е официјално – Јелена Розга и Иван Хуљиќ се пар. За оваа врска се шпекулира со месеци. Сепак, ниту Јелена ниту Иван не се подготвени да разговараат.

Иван е син на Тончи Хуљиќ, познат композитор, а потврдата дојде од член на семејството.

Петар Грашо, кој се ожени со ќерката на Тончи, Хана, зборуваше за Блиц по големиот белградски концерт.

Тој се пошегува дека Тончи навистина немал среќа.

“Тој не сакаше неговите деца да се занимаваат со музика и двајцата се музичари. Така доби зет кој е музичар, а сега и неговата снаа е музичар. Тоа што го сака Тончи веројатно нема да се оствари”, вели Грашо.

За Јелена ова е прва љубов по кратката романса со Стјепан Хаусер.

ИЗДВОЕНИ