РОНАЛДО: „Кога бев фудбалер, пивото го криев во…“

65
epa11758981 Brazilian soccer great Ronaldo presents the trophy during the FIFA Club World Cup 2025 Draw ceremony in Miami, USA, 05 December 2024. FIFA's new club competition will be played for the first time from 15 June to 13?July 2025 in 12 stadiums across the USA. EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Во текот на кариерата, легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио да Лима Роналдо, имаше максимум пет топ сезони, но таа бројка сигурно ќе беше поголема доколку не заработеше две сериозни повреди на коленото поради кои паузираше речиси година и половина.

Играше за клубови како Барселона, Реал (М), Интер и Милан, а сите клубови го почитуваат и денес.

Кога ќе се најдеше со Бразилците во тимот и репрезентацијата, ќе ја запоставеше работата и повеќе ќе се фокусираше на лудите забави и на прославите.

Уште кога беше голобрад млад човек беше земен под закрилата на славниот Ромарио, а додека играше за Реал (М) заедно со Роберто Карлос беа главни кога е во прашање ноќниот живот.

Неодамна и самиот призна дека во играчките денови многу често консумирал пиво. За да не биде фатен од тренерот или од соиграчите, Роналдо пивото го истурал во лименките од енергетскиот пијалок Гуарана.

„Многу сакам пиво. Во моите фудбалски денови го криев во лименките од  Гуарана“, изјави Роналдо и низ смеа додаде:

„Сега, како поранешен играч, не ми треба, сега е полесно да пијам“.

Роналдо покрај стилот на игра, љубителите на фудбалот го сакаа и поради начинот на живот, а беше вистински мераклија на ноќниот живот и убавите жени, па со сигурност може да се каже дека остави неизбришлива трага.

Во текот на кариерата два пати беше светски шампион, а освои и две „Златни топки“, таа бројка ќе беше уште поголема доколку не беше толку често повреден.

ИЗДВОЕНИ