
Португалецот Кристијано Роналдо се уште нема намера да стави крај на својата играчка кариера, иако неодамна наполни 40 години, а договорот со Ал-Наср му истекува летово. Голема е веројатноста дека нема да остане во Ал Наср, но интерес има за неговите услуги.
Пред неколку дена беше контактиран од челниците на Ал-Хилал кои го сакаат Португалецот во своите редови, но ќе видиме што ќе се случи.
Во целата приказна бомбата пристигнува од Бразил каде се подготвува амбициозен план под раководство на нисколигашот Португеза кој настапува во бразилската Серија Д.
Португеза за време на паузата меѓу сезоната игра во Паулиста заедно со некои од најпознатите бразилски клубови како Сантос, Сао Паоло.
Раководните лица претходно сакаа во овој клуб да ги доведат Лусио Нани, Радамел Фалкао, но нивните обиди не вродија со плод.
Но, сега нивната цел е Кристијано Роналдо, колку и да звучи на моменти невозможно и нереално. Во интервју за CNN, клупскиот претседател Алекс Буржоа ги потврди овие натписи и шпекулации.
“Сакаме да го засилиме тимот и повторно да ја разбудиме гордоста на португалската заедница овде во Бразил. Токму тоа беше целта со Нани. Ќе се обидеме повторно, за шампионатот Паулиста во 2026 година, да донесеме одличен Португалец овде во Бразил, а тоа е Кристијано Роналдо”, изјави Буржоа.
Така Роналдо би дошол како засилување за Паулиста во 2026 година, а тој шампионат се игра во Бразил од почетокот на јануари до средината на март, како подготовка за сезоната.
Тешко е да се замисли Роналдо во споменатиот клуб, но ќе видиме каква ќе биде финансиската понуда.