Романскиот претседател во заминување, Клаус Јоханис, денеска изјави дека ќе остане на функцијата додека не се избере нов шеф на државата, додавајќи дека тоа го бара Уставот на земјата.
Тој рече дека не сака да ја извршува функцијата премиер, туку дека само сака успешно да му заврши мандатот, пренесе романската агенција Аџерпрес.
Според него, новата влада ќе ги одреди датумите кога ќе се одржат нови претседателски избори.