Калин Ѓорѓеску, екстремно десничарски проруски романски политичар, ја нарече Украина фиктивна држава и рече дека нејзината поделба меѓу соседните земји е неизбежна. Ѓорѓеску го изјави ова во интервју со новинарот Јон Кристоју, а пренесува украинска „Правда“.
„Светот се менува. Границите ќе се сменат. Згора на тоа, ако се сменат границите, каде ќе бидеме ние? Ја имаме северна Буковина, што е интересно. Го имаме Буџак, го имаме северниот Марамуреш, нели“.
Тој изјави дека поделбата на Украина е неизбежна.
„Сто проценти, тоа ќе се случи. Па, тие немаат друг избор! Патот до такво нешто е неизбежен. Украина е фиктивна земја. Тоа е Украинската Советска Социјалистичка Република“, рече Ѓорѓеску.