Рокот за набавка на огревно дрво – до 31 март

39

Граѓаните што сакаат да се снабдат со огревно дрво можат да се пријават во кумановската подружница на ЈП „Национални шуми“ најдоцна до 31 март годинава, повикаа надлежните од претпријатието. Заинтересираните треба да се пријават и да склучат договор за купопродажба во просториите на подружницата во Куманово, на шестмесечни рати.

– Право на склучување договори за продажба на огревно дрво имаат физичките лица на шест рати, со тоа што испораката на огревно дрво ќе се изврши по исплатата на последната рата. Покрај физичките лица, право на купување на рати имаат и здруженијата на пензионери, инвалиди на трудот, синдикатите, така што сите заинтересирани може да дојдат во просториите на подружницата, да се информираат подетално околу склучувањето на договорите. Да напоменам дека за социјално ранливите категории граѓани, како што се социјалните случаи, децата без родители, самохраните родители и сите други категории, има и десет проценти попуст доколку уплатат во готово. Секако, и тие може да купат на рати, со тоа што за нив има на осум и повеќе рати – изјави раководителката на подружницата, Катица Станковска- Ристовска.

Предвидени се околу 1.500 кубни метри огревно дрво, даб и бука за оваа година. Од подружницата велат дека располагаат со доволно количини огревно дрво за заинтересираните.

 

ИЗДВОЕНИ