„Орешник“ носел боеви глави без експлозив – само за предуредување!

36

Новата балистичка ракета што Русија ја истрела врз украинскиот град Днипро минатата недела носеше повеќе боеви глави, но не и експлозив, па предизвика ограничена штета, пренесува Ројтерс.

Агенцијата цитира потврда од два високи извори во украинската влада. Исто така, се наведува дека „Орешник“ всушност бил предупредување за Западот, откако САД и Британија и дозволиле на Украина да ги истрела своите ракети ATACMS и Storm Shadow кон Русија.

Ројтерс објави дека два извори од украинската влада дале повеќе детали за новото руско оружје додека западните експерти се обидуваат да дознаат повеќе за, како што велат американските власти, експериментална ракета со среден дострел.

Имено, еден од изворите рекол дека проектилот носел лажни боеви глави и ја опишал штетата како „прилично мала“.

Друг извор рече дека во овој случај проектилот бил без експлозив. „Немаше типови на експлозии што ги очекувавме. Имаше нешто, но не беше огромно“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нападот на балистичките ракети со среден дострел „Орешник“ бил успешен тест и дека ја постигнал целта – погодена е ракетна и одбранбена компанија во украинскиот град Днипро.

Путин, исто така, рече дека Русија ќе продолжи да го тестира Орешник во борба и дека има резерви подготвени за употреба, пренесе Ројтерс.