Извршниот директор на Управата за јавни приходи (ИРС) на САД, Даниел Верфел, денеска ги информирал вработените дека околу 6.000 од нив ќе бидат отпуштени, што е околу шест отсто од работната сила, објави денеска „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање.
Отпуштањата во Даночната управа главно се насочени кон работниците ангажирани во времето на поранешниот демократски претседател Џозеф Бајден.
УЈП сега вработува околу 100.000 луѓе, за разлика од 80.000 кога Верфел ја презеде функцијата.
Намалувањето на персоналот е дел од радикалните потези на американскиот претседател Доналд Трамп, кои досега беа насочени кон банкарските регулатори, ракетни научници и десетици илјади други владини службеници, предводени од милијардерот Илон Маск, кој раководи со Одделот за владина ефикасност, пренесува Танјуг.