„Ројтерс“ дознава: САД ѝ се закануваат на Украина со затворање на „Старлинк“ доколку не се согласи со предложениот договор

35

Американските преговарачи, кои вршат притисок врз Украина да им даде пристап до клучните минерали, навестија можност за прекин на пристапот до виталниот сателитски интернет на Илон Маск, Старлинк, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање.

Постојаниот пристап на Украина до „Старлинк“ (Starlink) на СпејсИкс (SpaceX) беше спомнат во разговорите меѓу американските и украинските официјални лица откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби првичната понуда од американскиот министер за финансии Скот Бесент, велат изворите.

„Старлинк“ обезбедува клучна интернет конекција за Украина и нејзината војска разурната од војна.

Прашањето беше повторно покренато во четвртокот, за време на состаноците меѓу Кит Келог, специјалниот пратеник на САД за Украина, и Зеленски, изјави еден од изворите запознаени со разговорите.

За време на состанокот, на Украина и беше кажано дека ќе се соочи со итно исклучување на услугата доколку не постигне договор за клучните минерали, рече изворот, кој побара анонимност бидејќи преговорите се затворени.

„Украина зависи од „Старлинк“. Тие ја сметаат за своја Северна ѕвезда“, рече изворот. „Губењето на Старлинк би било тежок удар.

Зеленски ги отфрли барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за минерални ресурси во вредност од 500 милијарди долари од Украина како компензација за американската помош во војната, велејќи дека САД не понудиле конкретни безбедносни гаранции.

Вчера, украинскиот претседател изјави дека тимовите на САД и Украина работат на договор, а Трамп рече дека очекува договорот наскоро да биде потпишан.

ИЗДВОЕНИ