Ројевиќ замена за Алушовски во ГРК Охрид

35

Екипата на ГРК Охрид ќе добие нов тренер од следната сезона, затоа што договорено е тимот во иднина да го води српскиот ракометен стратег Борис Ројевиќ, објави „Моцарт Спорт.

Четириесет и пет годишниот српски стратег доаѓа од редовите на Војводина, која ја водеше во изминатите шест години и со која освои дваесет титули во српскиот ракомет, меѓу нив и најголемиот европски успех, освојувањето на Европскиот Куп на ЕХФ.

Ројевиќ си поднесе оставка по поразот од Порто во Европската лига, а следна станица ќе му биде ГРК Охрид кој планира тим за високи дострели. Ројевиќ ќе биде на чело на целиот проект, а ќе дојдат и повеќе квалитетни засилувања со кои ќе се изгради силна конкуренција во лигата.

Ројевиќ на клупата на ГРК Охрид доаѓа на местото на Стевче Алушовски.

ИЗДВОЕНИ