EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поранешниот тренер на Барселона, Рожер Гримау, проговори за неговиот однос со Вили Ернангомез, поради кој наводно добил отказ. Таа приказна се прошири во шпанската јавност по неговото заминување, а сега Гримау целата ситуација ја демантираше.

  • Единственото нешто што ме прави да се чувствувам лошо се прашањата за Вили и можам да кажам дека сите тие се глупости. Излегува дека тој е причината поради која добив отказ. Искрено, тоа е ср*ње за мене и ми се гади што се зборува за тоа, порача Гримау.

Поточно, причината за ваквите приказни се појави на 30 декември минатата година кога Барса гостуваше кај Монако и кога дојде до конфликт меѓу нив при еден тајм-аут, по што Ернангомез не се врати во игра.

Гримау неодамна започна нов проект во Романија со тимот на Динамо Букурешт.

 

ИЗДВОЕНИ