Роднината на Путин случајно откри тајна информација/ВИДЕО

107

Ана Цивилева, роднина на рускиот претседател Владимир Путин и заменик министер за одбрана во Државната дума, случајно го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина.

Имено, како што изјави Цивилева, руските власти примиле 48.000 барања за ДНК тест во потрагата по исчезнатите руски војници.

Состанокот, на кој беа вклучени воени ветерани, се пренесуваше во живо се додека Цивилева не го откри бројот на барања за ДНК-тестирање. Преносот веднаш бил прекинат во тој момент, според медиумите, но луѓето успеале да го снимат нејзиниот говор.

Според NEXTA, претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, побарал „овие бројки да не се спомнуваат никаде на друго место“, а оваа информација да биде отстранета од официјалните документи.

Според началникот на Генералштабот на украинската армија, бројот на загубите што ги претрпе Русија од почетокот на војната надмина 745.000 војници.

Цивилева беше назначена од Путин за државен секретар на Министерството за одбрана во август 2024 година, а од 17 јули ја извршува и функцијата заменик министер за одбрана.

Според британската влада, нејзиниот сопруг Сергеј Цивилев раководел со Министерството за енергетика и бил гувернер на регионот Кемерово. По рускиот напад на Украина, роднината на Путин беше санкционирана од Обединетото Кралство, но и од Европската Унија.

ИЗДВОЕНИ