Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Фотографии кружат на социјалните мрежи.
Како што објави Канал 5, преку извори од Министерството за здравство, успеале да дојдат до списоците на настраданите кои се хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар во Скопје.
Ова е список на дел од повредените лица повредени кои се сместени на Клиники.
Две лица се на Детска хирургија, две на Детска интензивна нега, осумнаесет лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Ортопедија.