Утрово започна распитот на родителите на бебињата кои вчера беа пронајдени закопани во дворот на семејната куќа во месноста Љубља Калничко кај Вараждин.
-Родителите ќе бидат сослушани, а доколку Државното обвинителство поднесе барање за определување мерка притвор, во текот на денот ќе се одржи рочиште на кое ќе се одлучува за притвор. Не сакам да прејудицирам дали такво барање ќе биде поднесено или не, но ако биде, ќе следи расправа, рече заменик жупанискиот државен обвинител во Вараждин, Дарко Галиќ.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ синоќа изјави дека со спроведените полициски истраги се утврдени сомнежи дека поради грубо занемарување во воспитувањето на три деца дошло до смрт на две деца. Според министерот, во врска со третото, преживеано дете, констатирано е сомнение за запоставување и злоупотреба и во соработка со Хрватскиот центар за социјална работа, тој е одвоен од семејството.
‘Bio je vaterpolist i pjevač, okrenuo se ulaskom u sektu’: Otac ubijenih beba je OIB smatrao “žigom zvijeri” https://t.co/7GNI1Uth6v pic.twitter.com/aR432syBef
— NOVI LIST (@novilisthr) December 4, 2024
Целиот случај со две закопани бебиња кај Вараждин ги шокираше и соседите, кои го гледаа багерот како оди кон шумата, недалеку од изолираната куќа во која се уапсени родителите. Прво беше пронајдено едно тело, а набргу потоа и другото.
– Работев со него некое време, но тој драстично се промени и се повлече од сите кога се приклучи на сектата со сопругата. Не знам за која секта станува збор, но целото нејзино семејство е вмешано и го вовлекоа и него. Не сакаа да ги пријават децата во системот, еднаш ми се јави татко му загрижен за нив. Изгледа дека жената немала доволно млеко, а кога таткото и предложил дополнително хранење, тој одбил и прекинал секаков контакт. Не сакаше повеќе да зборува за децата, само му кажа на татко му дека се родени, но не сакаше да ги покаже ниту да ги види фотографиите, изјави за 24 часа познаник на таткото.
Ужас во Хрватска: Пронајдени тела на две бебиња закопани во дворот на семејната куќа