Родителите на четворица британски тинејџери ја тужеа „ТикТок“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека тоа е резултат на натпревар во предизвик на социјалната мрежа.
Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години биле убиени додека учествувале во „предизвикот за затемнување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, објави „Гардијан“.
Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД, во четвртокот поднесе тужба во име на родителите против „Тикток“ и нејзината кинеска матична компанија „БајтДанс“ (ByteDance), пренесува Танјуг.
Правниот центар за жртви на социјалните мрежи поднел неколку други тужби против „ТикТок“ за смртта на деца, вклучително и за промовирање видеа кои содржат содржина за самоубиство, самоповредување и нарушувања во исхраната, според „Гардијан“.