Родените во три хороскопски знаци се мајстори за манипулирање во врските

134

Некои хороскопски знаци точно знаат како да го натераат партнерот да го прави она што го сакаат – без кавга, викање или драма. Нивните методи се суптилни, но ефективни и дури подоцна ќе сфатите дека сте попуштиле. Еве три знаци кои се мајстори за манипулации во врските.

Скорпија

Скорпијата нема да ве нападне со зборови, но ќе ве погледне со тој интензивен поглед и ќе ве натера да се запрашате дали сте згрешиле. Неговата тактика? Мистериозна дистанца што ве тера да се трудите уште повеќе – токму како што планирал.

Вага

Вагите не бараат ништо директно, но ќе направат да се чувствувате виновни доколку не го правите тоа што тие го сакаат. Длабоки воздишки, тажни погледи низ прозорецот и суптилни забелешки – пред да сфатите, ќе попуштите само за да ја избегнете атмосферата на разочарување.

Близнаци

Близнаците нема да молат, да се закануваат или да ви се нафрлаат – ќе ве убедат дека нивната идеја е всушност ваша. Нивната моќ лежи во нивните зборови и нивната неверојатна способност да го свртат секој аргумент во своја полза.

ИЗДВОЕНИ