Жителка на дом за стари лица во државата Њукорк, во својата 104-та година. А бизарната причина за одење во затвор е роденденската прослава по повод 104 години на баба во поодминати години Лорета.
Канцеларијата на шерифот на округот Ливингстон во Генеси, околу 46 километри јужно од Рочестер, објави фотографии на кои се гледа како Лорета го посетува нивниот објект.
„На Лорета, која живее во домот за стари лица Ејвон, ја прашале што сака за роденден и нејзиниот одговр бил дека сака да ја види внатрешноста на нашиот затвор бидејќи никогаш не била во затвор“, напиша полициската управа во објава на Фејсбук.
„Лорета одлично си помина во обиколката на нашиот затвор и многу ни е драгао што успеавме да ѝ ја исполниме родендеската желба!, се додава во објавата.
Фото:полициска управа Ливингстон
Заедниците за нега Хулбот кој управуваат со нејзиниот дом опишаа некои активности во кои уживала додека била во затворот на 10-ти февруари.
„Благодарност до канцеларијата на шерифот на округот Ливингстон што ѝ ја оствари желбата на Лорета!“
Турнејата следеше два дена по нејзиниот 104-ти родеден минатата недела каде што го прослави со забава во домот за стари лица Ејвон каде што престојува, пишува sky news
Нејзиниот дом за грижа за стари лица објави фотографии од нејзинито голем ден на Фејсбук, прикажувајќи ја со голема розова роденденска торта.