Роберт де Ниро распали по Трамп: „Никогаш не би го глумел, типот е тотално чудовиште“

138
EPA-EFE

Актерот Роберт де Ниро изјави дека никогаш нема да го глуми поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи, како што рече, „не гледа ништо добро во него“.

„Суштината на следните избори е Бајден наспроти Трамп. Дали сакаме да бидеме во свет каде што можеме да живееме и да уживаме или во кошмар. Гласот за Трамп е глас за кошмар, гласот за Бајден е глас вратете се во нормала“, рече Де Ниро, објави Гардијан.

Легендарниот Де Ниро рече дека не сака да се чувствува како што се чувствуваше по изборите во 2016 година, каде, како што рече актерот, „не можел да поверува што се случило“.

“Тој тип е тотално чудовиште. Никогаш не би го глумел бидејќи не гледам ништо добро во него. Воопшто ништо. Нема ништо што може да се купи од него”, тврди Де Ниро.

Мегапопуларниот актер често го критикуваше Трамп, па зборуваше против него и за време на доделувањето на наградите Готам во декември.

„Поранешниот претседател нè лажеше повеќе од 30.000 пати додека беше претседател и со тоа ќе продолжи во својата одмаздничка кампања“, рече тогаш Де Ниро. Трамп му одговори на Де Ниро, нарекувајќи го „тотален губитник“ чии актерски таленти се „значително намалени“.