Најтрофејниот македонски ракометен клуб  Вардар, во новата сезона ќе има нов играч кој што ќе настапува на позицијата кружен напаѓач. По пауза од неколку сезони „црвено-црниот“ дрес повторно ќе го облече пикерот Кристијан Анастасовски, кој е дете на Вардар.

Тој ќе биде замена за Михаил Аларов кој заминува од клубот на крајот од оваа сезона. Анастасовски во моментов е член на екипата на Тиквеш од Кавадарци, каде со успех настапува и беше забележан неговиот напредок.

„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги започнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси“, изјави Анастасовски.

Покрај за матичниот Вардар 1961, тој настапуваше и за екипите на Работнички, Охрид, Анжер (Франција) и Кастриоти (Косово). Анастасовски има настап и за младинската репрезентацја на Македонија на ЕП 2014 година. Неколкупати беше и на поширокиот список на сениорската репрезентација на Македонија.

 

ИЗДВОЕНИ