Македонскиот суперлригаш Алкалоид во сабота ќе го одигра реванш мечот против италијанскиот Бриксен (18.00 часот) во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Тимот од Автокоманда во овој меч ќе влезе со висока позитива од 12 гола остварена на првиот меч на гости.

Тренерот Кирил Лазаров одлично го имаше анализирано ривалот на првата средба и со чести ротации и измени, го наттрча и надигра. Сега следи меч во Скопје, на кој исто така Алкалоид ќе ја има улогата на фаворит.

-Искуството ми вели дека треба да се фокусираме на секој следен противник, така што сега ни е Бриксен од Италија. Распоредот е таков и мораме да го прифатиме овој предизвик. Знаеме дека ни следи меч против Еурофарм Пелистер, но мора да одиграме максимално со секого. Сè уште немаме одлучено како ќе играме. Ќе видиме како ќе нè води мечот, така ќе се однесуваме во сабота. Со мислите ќе бидеме во Битола, но мора прво да си ја завршиме задачата. Не сакам да дојде до некои непромислени работи со кои би ја загубиле самодовербата, вели тренерот на тимот Кирил Лазаров.

ИЗДВОЕНИ