Финалиститр во Европскиот куп на ЕХФ во машка конкуренција за сезоната 2024/25, тимовите на РК Алаклоид и АЕК од Атина, првиот натпревар за пехарот ќе го одиграат во Грција. РК АЕК Атина ќе биде домаќин на РК Алкалоид во викендот на 17/18 мај, решавачкиот реванш натпревар ќе се игра во Скопје наредната недела, на 24/25 мај. Тоа е исходот од ждрепката за финалниот натпревар, која ја спроведе главниот спортски директор на ЕХФ, Маркус Глазер, во Европската куќа на ракомет во Виена.
Трофејот од сезоната 2024/25 на Европскиот куп на ЕХФ за мажи сигурно ќе оди во Југоисточна Европа, бидејќи клубовите од две соседни земји се натпреваруваат еден против друг во најзначајниот настан на натпреварувањето.
РК АЕК Атина се стреми кон својата втора европска титула, четири години откако го освои првиот трофеј на Европскиот куп на ЕХФ во 2021 година. Тој триумф дојде три години откако грчкиот тим го доживеа своето прво искуство во клупското финале на ЕХФ, кога заврши како второпласиран во Челинџ купот.
Сепак, играњето во европско финале значи влегување во непознати води за РК Алкалоид. Македонскиот тим го имаше своето европско деби минатата сезона, во групната фаза на Европската лига на ЕХФ. Значи, сезоната 2024/25 веќе стана најдобрата меѓународна година за клубот од Скопје.
Точниот датум на играње и времето на почеток на секој натпревар од финалето ќе бидат објавени дополнително, а доколку македонскиот тим го добие овој двобој, пехарот ќе му биде доделен на домашен терен.