Покрај шампионските амбиции со кои дојде до шест трофеи, кариерата на Марк Маркез ја одбележаа и бројните повреди поради кои апстинира од атакот за ттулата повеќе од пет години. Овој пат, Шпанецот отворено зборуваше за своите искуства со повредите и ризикот што неизбежно се јавува во неговата кариера.
- Често се прашувам зошто продолжувам. Но, мотоцикчите се мојата страст. Ако ме прашате кое е моето хоби, ќе ви кажам „мотоцикли“. Возењето мотор е моето најголемо хоби и стана моја работа. Среќен сум што ја имам оваа работа и сакам да продолжам, искрено изјави Маркез.
Неговата страст за мотоциклите е очигледна, а Маркез немаше проблем да ги објасни ризиците кои се присутни секогаш кога ќе се најде на патеката.
- На мотоцикл, секој пат преземам целосен ризик бидејќи тоа е моја работа. Кога ќе паднете, само размислувате да се вратите во боксот и да го земете резервниот мотоцикл. Понекогаш го разбирате падот, понекогаш не, но никогаш не се плашиме од падот, истакна Маркез.
Маркез се соочи со огромни предизвици по неговата сериозна повреда на раката во 2020 година, со која речиси ја заврши својата кариера. После тоа, Маркез се врати на далеку послабиот мотоцикл на Хонда, а обидувајќи се да го даде максимумот, резултираше со уште неколку опасни судири.
Откако се пресели во Гресини Дукати, Маркез повторно се почувствува конкурентен. Со подобар мотор Маркез повторно почна да победува, а повредите станаа помал фактор во неговите настапи. Со новиот мотоцикл на Дукати, Маркез е еден од фаворитите за титулата во 2025 година, а својата форма ја докажа со победата на отворањето на сезоната во Тајланд, каде што ја зазеде пол-позицијата и победи на спринтот и главната трка.
- Пред пет години, пред повредите, победата беше нормална работа. Сега сфаќам дека победите не се нешто што доаѓа природно. По сите повреди и четири или пет големи операции на мојата рака, сега кога победувам, ми е како подарок, признава Матркез.
Минатата година, Маркез за најтежок дел од кариерата го сметаше враќањето од повреда и извојувањето на првата победа со тимот на Гресини. Но, токму ова враќање му ја врати вербата во себе и во неговите способности.