Министерот за спорт, Борко Ристовски експресно реагираше по скандалозниот натпревар во Купот на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија во кој во неверување двата тима постигнуваа голови во сопствената мрежа и намерно промашуваа обиди кон противничкиот гол. Ристовски најави дека експресно на двата клуба ќе им биде одземена лиценцата.

„Ги погледнав снимките и на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваквите немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш засекогаш да ги ставиме под контрола“, изјави Ристовски.

Инаку, на средбата меѓу Скопје и Гевгелија во самиот финиш ракометарките сами си постигнуваа голови, со цел да не извојуваат победа и да обезбедат понатамошен пласман.