Денеска се забележани мртви риби во долниот тек на реката Брегалница, во Делчевско. За појавата алармираа сточарите што ги водат домашните животни на пасење во атарот на селата Драмче и Бигла, во близина на реката Брегалница.

Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство.

– Логично, ваквата појава е од рибокрадци, кои фрлаат динамит кај Биглата. Нема од што друго да биде – истакна Симоновски.

Спортското риболовно друштво и здруженијата на граѓани за утре најавија прес- конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот.