Македонската машка ракометна репрезентација ќе настапи на претстојното Светско првенство и ќе играат во Вараждин, град кој буди убави ракометни спомени.
Македонскиот национален тим е во групата со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја, а реалните очекувања се да ја минеме групата и да се пласираме во главната фаза во која ќе вкрстиме со Франција, Австрија, Катар или Кувајт.
Мотиви за достојно презентирање на државата не недостасуваат, а Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) и Владата на Македонија дополнително ќе ги наградат репрезентативците за секоја остварена победа. Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, вети награда од милион денари за секоја остварена победа, а премиерот Христијан Мицкоски најави иста таква премија од милион денари за секоја остварена победа.
Првиот натпревар на Мундијалот нашата селекција го игра против Унгарија на 15 јануари, два дена подоцна следи дуелот со Холандија, а последниот меч на 19 јануари е средбата против Гвинеја.