РФМ и Македонски Телеком ја продолжија соработката

100

Ракометната федерација на Македонија и Македонски Телеком, ја продолжија соработката која има осумгодишна историја. Македонски Телеком е стабилен партнер и помагач на македонскиот ракомет, а нивната поддршка е со исклучителна важност.

Продолжувањето на соработката доаѓа непосредно пред настапот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка од 14 јануари до 2. февруари. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев, во присуство македонските репрезентативци и селекторот Кирил Лазаров го потпишаа документот за продолжување на соработката.

„Почестени сме со  продолжувањето на партнерството со РФМ, веќе осум години сме верен партнер на Ракометната Федерација на Македонија. Во желба да ја мобилизираме јавноста организираме прес-конференција за да им посакаме многу среќа успех на ракометарите на Мундијалот. Сите погледи се свртени кон ракометарите и селекторот Лазаров, од срце ви посакувам добар успех и пласман во главната фаза“, изјави Никола Љушев.

Задоволство од продолжуената соработка изрази и претседателот на РФМ.

„Драго ми е што сме пак заедно и што и оваа година ја почнуваме со почеток на подготовки за настап на Светско првенство. Сакам да му се заблагодарам на Македонски Телеком што останува партнер на македонскиот ракомет. Во мое име и во име на репрезентацијата ги повикувам навивачите во што поголем број да дојдат на натпреварите на македонската репрезентација во Хрватска“, изјави претедтелот на РФМ, Живко Мукаетов.

Македонија на шампионатот ќе се натпреварува во Ц – Групата со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.

ИЗДВОЕНИ