Ракометната федерација се огласи откако во јавноста се појави вест за смртта на Илија Темелковски.

Од РФМ претходно изразија сочувство за неговата смрт, но сега се огласија со нова објава на социјалните мрежи со која информираат дека Темелковски не е починат.

  • Во врска со информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен. Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави, велат во новата објава од РФМ.
  • Почина Иле Темелковски – човек кој го посвети сиот свој работен век на ракометот, ракометната и спортската јавност изгубија вреден спортски работник, кој беше силно и неуморно посветен кон ракометот. Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, беше наведено во првата објава од РФМ која е отстранета од официјалниот Фејсбук профил на федерацијата.
  • Редакцијата на ВЕЧЕР исто така јавно му се извинува на Илија Темелковски и неговото семејство за претходната објава.

ИЗДВОЕНИ