Новиот лек „капивасертиб“, за кој клинички е докажано дека го забавува ширењето на ракот на дојката, од денеска е достапен на Националната здравствена служба (НХС) во Велика Британија.
Според Sky News, лекот во комбинација со веќе достапната хормонска терапија ја продолжил ефективноста на третманот.
Професорот Николас Тарнер, од Институтот за истражување на ракот, рече дека лекот е голема „успешна приказна за британската наука“.
„Овој лек ја продолжува ефикасноста на хормонската терапија, што на пациентите им дава драгоцено време со нивните семејства“, рече Тарнер.
Националниот институт за извонредност на здравјето и негата (NICE) го одобри капивасертиб за употреба во NHS по 20 години истражување.
Тарнер истакна дека ова е значаен чекор во борбата против ракот на дојката и дека стотици пациенти би можеле веднаш да имаат корист од лекот.