Ретрограден Меркур ќе им го преврти животот наопаку: Сѐ се менува за овие 3 знаци, старите рани повторно ќе пецкаат, можни се лоши искуства

433

Првиот ретрограден Меркур во 2025 година носи бура од емоции, недоразбирања и можност за соочување со минатото. Низ знаците на Овен и Риби ќе се движи до 7 април, носејќи со себе интензивни внатрешни промени. Особено ќе ги погоди трите знаци на Зодијакот, оставајќи ги збунети, исцрпени, но и подготвени за раст и промени.

Девица: Соочување со стари духови
Девиците ќе бидат принудени да погледнат длабоко во своите емоции во март. Сето тоа што го потиснуваа со години сега ќе излезе на површина. Љубовните рани кои се сметаа за залечени повторно ќе пецкаат, а некои врски кои изгледаа како минато одеднаш ќе се вратат на сцената.

Покрај емотивните превирања, Девиците ќе се соочат и со финансиски предизвици. Меркур во Овен ќе ја погоди нивната осма куќа на парите и заедничките инвестиции, што ќе донесе нејаснотии, долгови и преиспитувања. Клучот за преживување на овој период лежи во трпението и рационалните одлуки – ова не е време за импулсивни потези.

Стрелец: Враќање во минатото и професионална пресвртница
Стрелците се познати по својот оптимизам и желба за авантура, но овој ретрограден Меркур ги предизвикува на емоционална интроспекција. Во нивниот живот повторно ќе се појави личност од минатото – можеби стар пријател, поранешен љубовник или деловен соработник, кој ќе донесе дилеми и неодговорени прашања.

Покрај тоа, затемнувањето на Месечината во Девица ќе ја разниша десеттата куќа на кариерата и угледот на Стрелецот. Професионалните одлуки што ги донеле порано сега ќе бидат преиспитани, а многу Стрелци ќе се прашуваат дали се на вистинскиот пат. Иако ќе им биде тешко да донесат конечни одлуки, овој период е можност да се разгледаат долгорочните цели.

Риби: Огледало на внатрешните дилеми
За Рибите, март 2025 година носи една од најтешките конфронтации – онаа со сопствените стравови и несигурности. Почетокот на годината беше турбулентен, но сега ќе мора да го преиспитаат својот вредносен систем, финансиските одлуки и односите со другите.

Целосното затемнување на Месечината ќе ја осветли нивната куќа на врски, откривајќи нерамнотежа и неискажани вистини. Многумина ќе се чувствуваат како да се на пресврт – дали да продолжат по стариот пат или да направат драстична промена? Откако Меркур повторно ќе влезе во нивниот знак, Рибите ќе се соочат со сопствената внатрешна сила и ќе одлучат како сакаат светот да ги гледа.

Ретроградниот Меркур во март 2025 година не е само период на хаос, туку и можност за внатрешно чистење. Иако Девиците, Стрелците и Рибите можат да очекуваат предизвици, токму преку нив ќе најдат нови перспективи и внатрешна сила. Овој период нека биде можност за раст, а не само пречка на патот.

ИЗДВОЕНИ