Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на Фејсбук најави дека наскоро ќе започне реализацијата на проектот за реставрација и изградба на Акрополот на тврдината „Исар”.
Тој информираше дека е предвидено да се изградат три кули, кои ќе бидат поврзани со целосно осветлени ѕидини.
-На ѕидините сите посетители ќе имаат можност да се движат и да имаат прекрасен поглед на градот Штип – објасни Јорданов.