Жената која исчезнала пред 52 години е пронајдена жива и здрава откако полицијата објави фотографија од времето на нејзиното исчезнување, во обид да го реши еден од најдолготрајните случаи на исчезнати лица во Британија.
Шејла Фокс, која сега има 68 години, исчезнала од Ковентри во 1972 година кога имала 16 години, пишува Гардијан.
Во тоа време, полицијата на Вест Мидлендс изјави дека таа живеела со своите родители и дека можеби била во врска со маж.
Полицијата тогаш оставила можност таа да се иселила од областа.
На крајот на минатата недела, полицијата започна нова акција за пребарување, објавувајќи на веб-страницата и социјалните мрежи фотографија од времето на нејзиното исчезнување.
За неколку часа, неколку луѓе контактирале со нив, а во средата полицајците потврдиле дека Фокс е жива и здрава. Тие рекоа дека живее во друг дел од земјата.
„Среќни сме што можеме да го објавиме крајот на еден од најдолготрајните случаи на исчезнати лица. Полицијата пронашла една фотографија од времето на нејзиното исчезнување. Неколку часа по објавувањето, луѓето не контактираа со информации кои довеле до нејзиното откривање, рече портпаролот на полицијата.
„Го пребаравме секој доказ што можевме да го најдеме и успеавме да лоцираме фотографија од Шила. Ние сме мал тим и успеавме да го решиме овој случај. Секое исчезнато лице има приказна и нивните семејства и пријатели заслужуваат да знаат што се случило со нив и се надевам дека ќе бидат повторно обединети, рекла Џена Шо, од тимот за истражување на случајот.