Републикански конгресмени бараат од Трамп да ги објави досиејата на Џефри Епстин

75
Фото:EPA-EFE/JASON SZENES

Републиканците од Тенеси, сенаторката Марша Блекбурн и конгресменот Тим Бурчет побараа од американскиот претседател Доналд Трамп да ги објави досиејата поврзани со поранешниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

Блекбурн за Дејли Меил изјави дека Епштајн изградил глобална мрежа за сексуална трговија со луѓе која наштетила на безброј жени и дека Американците заслужуваат точно да знаат кој е поврзан со таа мрежа.

Трамп во четвртокот потпиша наредба за декласификација на досиејата за атентатите на поранешните претседатели Џон Кенеди Џуниор, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот, изјави помошник на Трамп.

Трамп вети во текот на предизборната кампања дека ќе објави доверливи разузнавачки податоци и досиеја за убиството на Џон Кенеди во 1963 година.

Тој даде слично ветување во текот на својот прв претседателски мандат и всушност објави некои документи во врска со убиството на Џон Кенеди во 1963 година.

Епстин е пронајден без знаци на живот во својата затворска ќелија во август 2019 година, каде што го чекаше судењето поради обвинување за сексуална трговија.

Официјални лица рекоа дека станува збор за очигледно самоубиство, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ