Републиканскиот политичар Енди Оглес од Тенеси предложи амандман на Уставот на САД со кој ќе му се овозможи на претседателот Доналд Трамп да служи трет мандат во Белата куќа за земјата „да може да го одржи храброто лидерство што ни е толку потребно“.
Оглес во четвртокот предложи амандман во кој се вели:
„Ниту едно лице нема да биде избрано за претседател повеќе од три пати, ниту ќе биде избрано за кој било дополнителен мандат откако ќе биде избран во два последователни мандати, и ниту едно лице кое ја извршувало функцијата претседател, или дејствувал како претседател, повеќе од две години по мандатот на кој е избран друг претседател, не може да биде избран за претседател повеќе од два пати“.
„Одлучното лидерство на претседателот Трамп е во целосна спротивност со хаосот, страдањето и економскиот пад што Американците го преживеаја во изминатите четири години“, рече Оглес во изјавата во четвртокот.
„Тој докажа дека е единствената личност во модерната историја способна да го смени падот на нашата нација и да ја врати Америка на патот на големи достигнувања, што значи дека мора да му се даде доволно време за да ја постигне таа цел“, додаде Оглес.
Трамп претходно како шега ја спомна можноста да се кандидира за трет мандат за време на состанокот со републиканските пратеници во Вашингтон, пред партијата да ги одржи внатрешните избори за лидерство.
Освен ако не кажете: „Тој е толку добар, мораме да го решиме тоа“.
По средбата, републиканците во Конгресот им рекоа на новинарите дека изјавите не се сериозни и дека се смеат кога ги слушнале.
Трамп претходно изјави за новинските агенции дека нема да се кандидира за трет мандат доколку победи на изборите за Белата куќа во 2024 година.
– Воопшто не би бил за тоа. Планирам да отслужам четири години и да завршам одлична работа. Сакам да ја вратам нашата земја на вистинскиот пат“, изјави Трамп за магазинот „Тајм“ во април минатата година.