Кошаркарите на Њујорк Либерти ја освоија титулата во ВНБА лигата за оваа сезона, откако го добија последниот, петти натпревар од финалето против Минесота Линкс на домашен терен со 67:62 по продолжение.

На тој начин, Либерти ја освоија својата прва ВНБА титула во историјата, а најзаслужна за триумфот беше 30-годишната Јонкел Џонс, кошаркарка од Бахамите која од 2019 година има пасош на Босна и Херцеговина и неколку години ја претставуваа оваа репрезентација.

Џонс го заврши мечот со 17 поени и шест скока, а во финалната серија имаше 17,8 поени и 7,6 скока што ѝ ја донесе престижната МВП награда.