Обожавателите на Денис Квејд се бесни на NBC Лос Анџелес бидејќи репортерот Роберт Ковачик го прекина актерот додека се евакуираше од неговиот дом во Брентвуд, Калифорнија.
Американскиот ТВ репортер Роберт Ковачик и неговата матична компанија NBC Лос Анџелес се соочуваат со гневот на обожавателите на холивудската ѕвезда Денис Квејд.
Причината е што репортерот, со намера да направи интервју, го прекинал Квејд, кој пакувал работи од својот дом во Лос Анџелес за да се спаси од пожарот кој со денови го пустоши тој дел на Калифорнија, пренесоа американските медиуми.
Денис Квејд (70) избезумено ги собирал работите на своето семејство додека се обидувал да избега од својот дом во Брентвуд по најновите наредби за евакуација, кога му пришол Роберт Ковачик од NBC Лос Анџелес.
И покрај ужасните околности, ѕвездата на бројните филмови мирно и учтиво му одговори на новинарот. Тој дури ги повика другите да ја напуштат загрозената област што е можно поскоро и ги потсети луѓето да го исклучат гасот пред да се евакуираат.
This interaction between a reporter from NBC 4 Los Angeles and Dennis Quaid.
“It’s nice to be able to watch Dennis Quaid trying to fit 2 hampers of his 17 year old daughter’s clothes into his Mercedes…” 😂#LosAngelesFire #Brentwood #PalisadesFire #lafires #LosAngeles pic.twitter.com/jpkM6ZxVlG
— AC (@ACinPhilly) January 11, 2025