Македонија полека станува омилен избор за патниците што бараат помалку метеж, без да се прават компромиси со убавината на дестинацијата, пишува угледниот „Дејли експрес“, додавајќи дека Македонија е исто толку убава како и Грција, но пет пати помала и со многу малку туристи.
– Оваа нација без излез на море се граничи со Грција, Бугарија, Србија и со Албанија. Релативно е непозната и не е многу застапена во европската туристичка понуда, особено во споредба со нејзиниот грчки сосед. Тоа ја прави идеална дестинација за оние што копнеат по спокојство. Богатата историја е под влијание на медитеранската, балканската, грчката, италијанската и на отоманската култура и им нуди уникатно културно искуство на своите посетители. И покрај својата големина, Македонија е пет пати помала од Грција – земјата е, исто така, ризница на природна убавина, што ја прави еден од најкарактеристичните скриени скапоцени камења на континентот – стои во написот.
Се додава дека неверојатни 80 % од земјата е под прекрасни планини и езера, што им дава многу можности на љубителите на авантурите да се впуштат во планинарење, возење велосипед и кајак.