Соиграчот на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, Борна Булјан (19), се наоѓа во центарот на вниманието на хрватските медиуми, не само поради талентот што, несомнено, го поседува туку и поради својата привлечна мајка, Рената Ловринчевиќ.

Навивачите на сплитски Хајдук го обожаваат младиот голман, пред сè, поради фудбалските способности, но она што, исто така, сите ги привлекува е неговата мајка, која одлично изгледа. Мајката на Борна „полуде“ многу припадници на посилниот пол со провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Рената Ловринчевиќ, поранешна мис универзум и фитнес-инструкторка, мами воздишки каде и да се појави, а не ѝ е непознато скудно да се облече и да го покаже своето совршено тело. На инстаграм-профилот ја следат околу 150.000 луѓе.

Во продолжение неколку фотографии од згодната Рената: