Реконструкција на водоводната мрежа на улица „Скупи 5“

19

Град Скопје започна со реализација на уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа кој е од големо значење за граѓаните, со трајно решавање на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во населеното место Злокуќани.

-Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Скупи 5“, во општината Карпош, целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на потребите на локалните жители – соопштија градските власти.

Оттаму додадоа дека по инсталирањето на новата водоводна мрежа, таа ќе се поврзе со постоечката главна мрежа на магистралната улица „Скупи“. На новата мрежа ќе се поврзат и постоечките корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена.

-Изведбата на овој проект преставува реализација на дел од програмата за обновување на градската водоводна мрежа, се овозможува квалитетно водоснабдување во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот – истакнуваат од Град Скопје.