Реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Скупи 3“

8

Град Скопје започна со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Скупи 3“ во Општина Карпош, со што трајно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во Злокуќани.

– Целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили што соодветствуваат на потребите на локалните жители. По инсталирањето, новата водоводна мрежа ќе се поврзе со постојната главна мрежа на магистралната улица „Скупи“, а на новата мрежа ќе се поврзат и постојните корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена – потенцираат од Град Скопје.