Реконструкција на улици и игралишта  и изградба на детско катче

448

Општина Кисела Вода во Припор започна обемен проект во рамките на кој ќе се асфалтираат улици со површина од 7.000 квадратни метри.

Се работи за улица „15“, крак на улица „14“, улиците: „30“ и „29“, како и уште неколку помали краци низ оваа населба.

Воедно, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе се врши и реконструкција на фудбалското и игралиштето за баскет, а ќе се гради и ново детското катче во ПОУ „Круме Кепески“.

– Ова е уште еден голем чекор во реализацијата на моето ветување дадено пред граѓаните дека до крајот на мојот мандат ќе нема неасфалтирана улица во општината – изјави Ѓорѓиевски.