Реконструкција на регионалната депонија „Русино“

9

Во рамките на активностите во изминатите 100 дена работа на Министерството за животна средина и проторно планирање, министерот Изет Меџити, меѓу другите ја истакна реализацијата на проектот  „Регионален проект за цврст отпад“.

Тој наведе дека вo рамките на проектот ќе се воспостават  регионални системи за управување со отпад во пет административни региони.

– Во Полошкиот регион ќе се спроведе реконструкција на регионалниот систем за управување со отпад „Русино“, една трансфер станица (Тетово), системи за складирање отпад и собирање кабаст отпад. Во источниот регион и североисточен регион, тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпад, како и изградба на шест претоварни станици се очекува да биде објавен во најскоро време – најави Меџити.

Министерот додаде дека во рамки на проектот, во Пелагонискиот и Југозападниот Регион ќе се реализира изградба на регионални системи за управување со цврст отпад, изградба на четири трансфер станици, системи за складирање отпад, собирање кабаст отпад, затварање на депонијата во Новаци, додека во Вардарскиот и Југоисточниот регион ќе се спроведе реконструкција на регионалниот систем за управување со отпад, во регионите со цврст отпад, трансфер станици, системи за складирање отпад, собирање кабаст отпад, затворање на депонијата „Доброшинци“.